Годишни теми

РАСПОРЕД НА ДНЕВНИ АКТИВНОСТИ

МАЛА група

СРЕДНА група

ГОЛЕМА група

ЗА НАС

Во своето 60 годишно постоење, преку примарната грижа за многу генерации, Градинката се здоби со значајно место во воспитувањето на децата од пред училишна возраст. Низ неа минуваа најмладите скопјани кои денес, по многу години, се вклучени во општествениот живот. Најголемо признание и радост за Градинката е укажаната доверба од страна на родителите кои ни ги доверуваат своите деца. Успешната работа е одраз на педагошката поставеност во севкупната дејност на Градинката.Во неа се се одвива според најсовремените принципи за целосно воспитување на децата.

Матичниот објект е тврда градба наменски граден и опремен. Објектот се наоѓа во непосредна близина на ОУ „Ј.Х. Песталоци“. Истиот од двете страни е опкружен со стамбени згради, а од две со улици. Во него работат педестетина вработени, опфаќа 293 деца распоредени во 12 воспитни групи. Објектот има основна функција, целодневен престој на деца на возраст од 9 месеци до поаѓање на училиште и за таа намена ги содржи потребните простории: влез, влезен хол, сала за приредби, гардероби, занимални, тоалети и др.     Во овој објект се сместени и економските простории, централната кујна, перална, сушална и други потребни простории, амбуланта, заедничка административна служба кои без тешкотии ги опслужуваат останатите објекти во составот на градинката. Матичниот објект располага со голема дворна површина кој со помош на Општина Центар е хортикултурно уредена со: садници, клупи, корпи за отпадоци, канделабри, обновени патеки со бекатон плочки современи реквизити за игри и рекреација кои им овозможуваат на децата квалитетен и пријатен престој.
Објектот „Јасмин” е тврда градба кој е наменски граден и опремен, лоциран во непосредна близина на полициската станица „Беко“, помеѓу стамбени блокови и административни институции за граѓани. Во објектот работат триесетина вработени, опфаќа 265 деца, распоредени во 10 воспитни групи со целодневен престој од 9 месеци до поаѓање на училиште. Во истиот постојат солидни административно, педагошко и здравствено-хигиенски услови за целодневен престој на децата од 9 месеци до поаѓање на училиште. Поволната местополoжба на овој објект, како и современата опременост предизвикува голем интерес од страна на родителите така што бројот на запишани деца речиси секогаш го надминува проектираниот капацитет на објектот. Објектот „Јасмин“ располага со уредена дворна површина. Во овој двор за време на изминатиот период од страна на Општина Центар беа поставени реквизити за децата и корпи за отпадоци.
Објектот „Парк” е тврда градба кој е наменски граден и опремен, сместен во непосредна близина на Градскиот парк и од сите четири страни е опкружен со ниска стамбена структура. Неговата местоположба (покрај Градскиот парк) овозможува голема предност за децата во однос на користење на природниот фактор. Во овој објект има дваесетина вработени, опфаќа 176 деца, распоредени во 8 воспитни групи со целодневен престој од 9 месеци до поаѓање на училиште. Објектот „Парк“ располага со дворна поврашина, која е хортикултурно уредена. За играта и рекреацијата на децата во дворот се поставени детски реквизити кои максимално се користат кога дозволуваат временските услови.
Објектот „Кукушка“е тврда градба кој е наменски граден и опремен, лоциран во непосредна близина на Градскиот парк, од двете страни опкружен со ниска стамбена структура. Во овој објект има 7 вработени, опфаќа 57 деца распоредени во 2 хетерогени групи, со целодневен престој на од 2 години до поаѓање на училиште. Овој објект поради неговата дотраеност во текот на 2010-2011 целосно беше реновиран соодветно современите стандарди за наменски градби за престој на децата од предучилишна возраст. Ваквиот модерен изглед предизвика зголемен интерес за запишување на нови деца, па нивниот број континуирано се зголемува. Oвој објект располага со мала дворна поврашина, која целосно се преуреди со пошироки бекатон патеки и жардињери, трева и садници. Но иако уреден, поради големината не ги задоволува потребите на децата за игра и рекреација.

Засади дрво за мир

Децата од објектот Кукушка преку садење на дрво во дворот на градинката се приклучија на интернационалната акцијата „Засади дрво за мир“ 2014 која е во организација на Интернационалната програма „Учење за шумите“ (Learning about Forest) на Фондацијата за еколошка...

Mузички спот во Градскиот парк

Децата од големата група од објектот Кукушка учествуваа во снимање на музички спот во Градскиот парк, Паркот на франкофонијата. Спотот се реализира како поддршка на новата музичка нумера на познатиот кантавтор Ристо Самарџиев, а во организација на продукција...

Музичко-сценска точка

Децата од големата група од објектот Јасмин настапија со музичко-сценска точка пред платото на Мајка Тереза по повод Денови посветени на медот организирано од општина...